Линкови за пристапност

Средба Кери-Лавров во Лондон


Нов обид за смирување на кризата во Крим

Американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес во Лондон одржаа нова рунда разговори за кризата во Украина.

Кери пред средбата кажа дека со нетрпение очекува да се вдлабочи во прашањето и можноста да се најде начин како да се продолжи заеднички понатаму и да се разрешат некои од разликите. Лавров ја опиша окарактеризира состојбата како сериозна и рече дека е загубено многу време.

Денешната средба во резиденцијата на американскиот амбасадор во Лондон доаѓа во време кога украинскиот регион Крим, центарот на кризата, се подготвува за одржување референдум во недела, на кој можен исход е отцепување од Украина и соединување со Русија.

Американски и европски лидери веќе изјавија дека референдумот, што ја има поддршката на Русија, го сметаат за противуставен. Кери ја предупреди Москва на сериозни последици доколку изврши анкесија.

Руски официјални лица, пак, велат дека гласачите на Крим имаат право на самоопределување по минатомесечниот колапс на проруската влада во Украина. Москва вчера призна дека распоредила илјадници војници и армиска опрема во близина на границата со Украина, како дел од воена вежба што ќе трае две недели.

Виш претставник на Стејт департментот изјави дека САД се „мошне загрижени“ за распоредувањето на руски сили, што доаѓа згора на, како што проценува Кери, 20.000 руски војници кои можеби веќе се на Крим. Претставникот истакна дека ова е втор пат месецов „Русија да одлучи да распореди голем број на сили без доволна претходна најава долж источната граница со Украина“.

Се очекува Кери да побара објаснување од Лавров за најновиот чекор на Москва, што веќе го нарече „дестабилизирачки“ и „што и создава клима на заплашување“.

Амбасадорката на САД во ОН, Саманта Пауер, пред Советот за безбедност во ОН вчера повика на создавање „клима на воздржаност“ и „мирољубивиот дијалог да го замени руското принудување“
XS
SM
MD
LG