Линкови за пристапност

Расте бројот на жртви од земјотресот во Турција


Расте бројот на жртви од земјотресот во Турција
Расте бројот на жртви од земјотресот во Турција

Бројот на жртвите во моментов изнесува 432 лица со најмалку 1.300 повредени.

Илјадници лица во Турција веќе втора вечер ја минуваaт на отворено, на екстремно ниски температури, додека продолжуваат спасувачките напори по силниот земјотрес од неделата.

Денеска беа извлечени уште неколку преживеани од урнатините, меѓу кои и двонеделно бебе, а властите додаваат дека бројот на жртвите во моментов изнесува 432 лица со најмалку 1.300 повредени. Бројот на загинати од катастрофалниот земјотрес што ја зафати оваа земја се очекува да расте.

Властите велат дека земјотресот со јачина од 7,2 степени во близина на границата со Иран, најмногу штета причинил во градот Еркис.

Од земјотресот беше отсечен доток на вода и електрична енергија во неколку области. По ударот беа регистрирани преку 100 последователни шокови, вклучувајќи и еден со јачина од 6,1 степени.

Меѓу земјите што понудија помош за настраданите се САД и Русија.

XS
SM
MD
LG