Линкови за пристапност

Погубен Трој Дејвис


Погубен Трој Дејвис

Погубен Трој Дејвис

Осудениот на смртна казна, обвинет за убиство на полицаец во 1989-та доцна синоќа беше погубен во јужната држава Џорџија

Осудениот на смртна казна Трој Дејвис, обвинет за убиство на полицаец во 1989-та доцна синоќа беше погубен во јужната држава Џорџија, откако Врховниот суд го отфрли барањето во последен момент да биде одложена неговата екзекуција.

Дејвис беше усмртен со инјекција околу 11 часот синоќа додека стотици демонстранти беа собрани пред зградата во поддршка на верувањето дека е невин.

До крајот Дејвис останал на тврдењето дека е невин и неговите последните зборови биле дека не е одговорен за делото за кое е осуден.

Овој случај предизвика меѓународно внимание затоа што немаше физички докази кои го поврзуваат Дејвис со криминалниот акт. Седум од девет сведоци кои помогнаа да се донесе смртна пресуда за Дејвис или ги повлекоа или ги сменија дадени искази пред судот.

Семејството на убиениот Марк Мекфил ја поддржа одлуката на судот дека Дејвис е виновен. Вдовицата на Мекфил рече дека Дејвис имал „доволно време да ја докаже својата невиност“.

XS
SM
MD
LG