Линкови за пристапност

Нема расположение од владејачкото мнозинство за вонредни парламентарни избори


Интервју со Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија, на маргините на Молитвениот појадок во Вашингтон

Глас на Америка: Ja предводите македонска делегација на Молитвениот појадок во Вашингтон. Кој е акцентот на средбите?

Трајко Вељаноски: По прв пат учествувам и предводам делегација на Молитвениот појадок. Јас сум импресиониран, сепак, од тој значаен настан, кај што се собираат светски, политички и духовни лидери од целиот свет. Имаше говор од господинот Барак Обама, претседателот на САД. Но, јас претходно имав средби со голем број на конгресмени и сенатори кои што искажаа, и досега искажуваат поддршка за Република Македонија. Многу е значајно дека тие ја поддржуваат и ќе ја поддржуваат Република Македонија во интегрирањето во НАТО-структурите и во ЕУ, затоа што е многу битно, и за Македонија, и за регионот, што побргу да се интегрира. Од нивна страна беше побарано објаснување – како, генерално, стои ситуацијата во регионот и во Македонија. Од моја страна беше претставена целосно ситуацијата. Од нивна страна беше кажано дека се зголемува бројот на поддржувачи на конгресмени и сенатори за Република Македонија.

Server error

Oops, as you can see, this is not what we wanted to show you! This URL has been sent to our support web team to the can look into it immediately. Our apologies.

Please use Search above to see if you can find it elsewhere



Глас на Америка: Во Њујорк, имавте средба со генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун. Има ли тој слух за забрзување на процесот кој ќе води до решение за името?

По неговото доаѓање во Македонија се одмрзна и целосно се активира процесот за изнаоѓање на решение меѓу Македонија и Грција.

Трајко Вељаноски: Јас пред да дојдам во Вашингтон, бев во Њујорк и имав средба со господинот Бан Ки Мун и со господинот Вук Јеремиќ. Тоа е еден вид на продолжување на средбата што ја имав во јули, кога тој беше во Македонија минатата година. Од моја страна беше искажана благодарност за ангажманот што го имаше за решавање на спорот што го имаме со Република Грција. Спорот беше замрзнат. По неговото доаѓање во Македонија се одмрзна и целосно се активира процесот за изнаоѓање на решение меѓу Македонија и Грција. Од неговата страна беше искажано задоволство дека по неговото доаѓање и неговиот ангажман се помрдна процесот, со надеж дека во догледно време ќе се изнајде некое решение кое што е многу значајно за Македонија да се интегрира, и во ЕУ, и во НАТО-структурите.

Глас на Америка: Дали може да направите паралела на политичката култура - во Македонија и во САД?

Трајко Вељаноски: Би рекол дека не може да се спореди меѓу САД и Македонија затоа што, нормално, демократијата што постои во САД, си има свое долгогодишно влијание. Можам да кажам дека во Македонија со големи чекори напредуваме, да се приближиме до тој степен на демократија што постои кај високоразвиените демократски држави. Тука ни помага Конгресот, преку програмата за партнерство, кој инвестира во демократијата во Собранието на РМ. Од господинот (конгресменот, н.з.) Дејвид Прајс беше искажано задоволство дека во овие седум години, Македонија има многу направено во однос на демократијата и дека претставува лидер, условно да кажам, во демократијата во регионот.

Глас на Америка: Во Македонија во моментов има парламентарна криза. Што како претседател на Собранието ќе преземете за да ја решите?

Јас апелирам опозицијата да се врати во институцијата - Собрание на Република Македонија

Трајко Вељаноски: Јас апелирам опозицијата да се врати во институцијата - Собрание на Република Македонија и, за сите отворени прашања кои сметаат од нивна страна дека се отворени, подготвен сум и јас, како претседател на Собранието, и владејачкото мнозинство, да разговараме. Сепак, ова да ни биде опомена да не ни` се случуваат овие настани што ни се случија, затоа што треба да работиме за интересите на граѓаните на Република Македонија, наместо да се натпреваруваме преку медиумите и да испраќаме пораки. Треба во самата институција во Собранието на Македонија на заедничка маса да разговараме и да изнајдеме решение за било кое прашање.

Глас на Америка: Како гледате на иницијативата за формирање парламентарна истражна комисија за настаните од 24-ти декември?

Трајко Вељаноски: Јас поддржувам се` за кое би можело да се седне заеднички на иста маса со опозицијата и да се изнајде заедничко решение.

Глас на Америка: Како гледате на барањата за одржување на вонредени парламентарни, заедно со локалните избори годинава?

Трајко Вељаноски: Тоа е сепак прашање кое би требало да се упати и е упатено до владејачкото мнозинство. За да се распишат вонредени парламентарни избори треба да има мнозинство од пратениците што ќе изгласаат таква одлука. Јас како што знам, нема расположение од владејачкото мнозинство за вонредни парламентарни избори затоа што испаѓа на секоја година или годинаипол да се организираат вонредни парламентарни избори и овој период не е добар за вонредени парламентарни избори. Локалните избори се закажани од моја страна за 24-ти март и тогаш судот на јавноста е вистинскиот суд кој што ќе одлучи и ќе каже каков е легитимитетот и легалитетот на одредено владејачко мнозинство кое во моментов е на власт.
XS
SM
MD
LG