Линкови за пристапност

Американците го прославуваат Денот на благодарноста


Американците го прославуваат Денот на благодарноста
Американците го прославуваат Денот на благодарноста

Традиционално во кругот на семејството, пријателите со пригодна гозба.

Американците денеска го прославуваат Денот на благодарноста, во кругот на семејството и пријателите. На трпезата традиционално е печената мисирка или шумка, зеленчук, слатки пити, најчесто од јаболка или тиква. Според проценките на Националната федерација за мисирки, минатата година во САД биле купени преку 46 милиони мисирки.

Спортски активности се исто така вообичаени за овој ден. Некои Американци празникот го слават волонтирајќи во хуманитарни организации или центри за бездомници.

Претседателот Барак Обама во празничната порака ги повика Американците кои се соочуваат со економски проблеми, да имаат верба во способноста на државата да се справи со предизвиците. Тој истакна дека проблемите на нацијата не се јавиле преку ноќ и нема да бидат решени преку ноќ. Обама рече дека на овој ден, луѓето треба да бидат благодарни на она што го имаат и да се сетат на оние кои имаат помалку. Претседателот на САД изрази голема благодарност на припадниците на американската армија за нивната пожртвуваност и служба.

Празникот Ден на благодарност датира уште од 1621-та година, кога англиските доселеници во колонијата Масачусетс имале гозба со домородно американско племе кое ги научило како да одгледуваат храна и да ловат.

Во 1863-та година претседателот Абрахам Линколн издал прокламација со која Денот на благодарноста ќе се одбележува секој последен четврток од ноември.

XS
SM
MD
LG