Линкови за пристапност

Рекордна суша во Тексас


Рекордна суша во Тексас

Рекордна суша во Тексас

Светот допрва ќе ги почувствува последиците, предупредува економистот Дејвид Андерсон

Над 90% од американската сојузна држава Тексас чувствува тешки или екстремни последици од сушата. Загубата ги урна сите претходни рекорди.

„Според досегашните проценки, штетата од сушата до 1-ви август изнесува 5,2 милијарди и во неа се вклучени житните култури и добитокот “, вели економистот Дејвид Андерсон од Универзитетот Тексас А&М во интервјуто за Гласот на Америка.

Околу две милијарди од загубите отпаѓаат на добитокот. Многумина од земјоделците го продаваат бидејќи не можат да му обезбедат вода, а производството на сточна храна во Тексас толку опаднало што локалните власти мораа да ја купуваат од други сојузни држави.

Андерсон прогнозира дека ова допрва ќе се одрази на залихите на говедско месо ширум светот, и тоа на подолг период.

„Ние сме голем извозник на говедско месо во светот. Тексас е најголем производител на говедско месо во САД, така што поради сушата може да очекуваме да нарасне цената на месото“, вели овој економист.

Рекордна суша во Тексас

Рекордна суша во Тексас

Тексас не произведува значителна количина на пченка на ниво на САД, но 30%от пад во производството во рамки на Тексас сепак ќе се одрази на странскиот пазар, каде, потенцира Андерсон, побарувачката е голема.

Сушата не е ништо ново за Тексас. Најдолгиот сушен период беше од 1949-та до 1957-ма, но за разлика од претходните сушата годинава е особено интензивна. Вообичаено, ова е време од годината кога жителите долж Мексиканскиот Залив стравуваат од урагани. Годинава е обратно - Тексашаните посакуваат невреме - заради толку потребниот дожд што би донел спас.

XS
SM
MD
LG