Линкови за пристапност

Теута Арифи: Мора да се разбереме


Во интервјуто за Гласот на Америка, вицепремиерката предлага да се следат интегративната филозофија и Охридскиот рамковен договор на патот кон НАТО и ЕУ како надетнички идеи.

Вицепремиерката за европски прашања на Република Македонија Теута Арифи е во посета на САД. На нејзината сатница беа средби со претставници на Стејт департментот, Конгресот и невладини организации. Целта е, како што вели, да даде повеќе информации за процесот што Македонија го води со ЕУ.

Интегралното интервју
може да го погледнете тука:

Глас на Америка: Пред да пристигнете во Вашингтон, еврокомесарот за проширување Штефан Филе беше во Скопје. Тој очекува извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, што треба да биде објавен во октомври, да биде позитивен. Дали тоа би значело, конечно, и датум за почеток на преговори?

Теута Арифи: Мислам дека за нас, во моментот не е толку значајно да зборуваме дали ќе добиеме датум за преговори колку е значајно да кажеме и да укажеме дека ние направивме многу позитивни чекори како земја и дека сега, секако дека ЕУ ќе најде големи поддржувачи меѓу членките за што повеќе да отвориме процес на преговори. (...)

Глас на Америка: Зошто не се почитуваат пораките на еврокомесарот Филе дека партиите во Македонија не треба етнички да поентираат на сметка на стабилноста на Македонија, како меѓу албанскиот, така и меѓу македонскиот политички блок?

Јас мислам дека ние од оваа реалност во моментов не можеме да избегаме, а уште помалку би требало оваа реалност да се преправаме дека ја нема.

Теута Арифи: Политичката реалност во Македонија е една реалност каде етничката фрагментација не е одбегната, ниту во реалниот живот, ниту во политичкото дејствување. (...) Имајќи го во предвид фактот дека политичките партии фактички функционираат по етничка линија и кога одат на избори, секако, даваат голем приоритет на тие прашања. (...) Јас мислам дека ние од оваа реалност во моментов не можеме да избегаме, а уште помалку би требало оваа реалност да се преправаме дека ја нема. Тоа што треба да го направиме е да ја следиме интегративната филозофија на Охридскиот рамковен договор, која би дала можност за поголема етничка интеграција и меѓуетничко разбирање. Сметам дека вредностите на и идеите како што се ЕУ и НАТО се големи надетнички идеи кои можат да дадат придонес на оваа кохезија.

Глас на Америка: Меѓутоа, влијае ли преименувањето на училишта и интонирањето на албанска химна на почетокот на учебната година за поголема интеграција на Македонија?

Ние мора меѓусебно да се разбереме - што тоа им е важно на граѓаните - Албанци и што тоа им е важно на граѓаните - Македонци

Теута Арифи: Јас мислам дека ние на целиот овој феномен што се случува последните два месеци треба да пристапиме многу рационално (...) Ние мора меѓусебно да се разбереме - што тоа им е важно на граѓаните - Албанци и што тоа им е важно на граѓаните - Македонци и почитувајќи го тоа да најдеме нешто што е поголемо од нас – а тоа се вредносите на НАТО и на ЕУ. (...)

Глас на Америка: Доколку утре има вонредни избори, можни ли се решенија преку ноќ за, условно кажано, поголема лојалност на Албанците кон Македонија, меѓутоа и за пофлексибилен и поотворен однос на Македонците за прашања што се од интерес за Албанците?

Теута Арифи: Овој момент што Вие го потенцирате толку убаво секако дека не може да се постигне преку избори. На избори, ќе постигнете да избирате кои политички партии ќе водат од едната и од другата страна. Јас мислам дека тоа се постигнува со логични, рационални политики на политичките субјекти. Јас мислам дека во моментов им треба еден исчекор за да рефлектираат позитивно кон иднината на своите заедници и иднината на земјата.
XS
SM
MD
LG