Линкови за пристапност

Техно-фестивал во Детроит


„Мувмент“ со години го гради имиџот на еден од најпосетените настани на електронска музика во Северна Америка

Детроит, sојузната држава Мичиген, долго време по рецесијата од 2008-ма беше „во лер“ поради кризата во автомобилската индустрија. Дури стана и најголемиот град во американската историја што пријавил банкротство.


Но, тридневниот фестивал за електронска музика „Мувмент“, што се одржа викендов во Детроит, го врати животот по улиците во центарот и старата, добра слика за на метрополата. Фестивалот е годишен настан што ја слави техно-културата во градот во кој и беше родена, 90-тите години од минатитот век. На плоштадот Харт беа поставени пет бини со најсовремена технолошка опрема и визуелни ефекти, на кои настапија повеќе од 100-тина диск-џокеи од сите континенти. Movement Detroit 2014 2

Movement Detroit 2014 2



Годинава, фестивалот ги истакна современите тенденции во електронската музика, импровизацијата и видео - уметноста, преку настапите на реномирани уметници од Германија, Норвешка, Унгарија, Јапонија, Израел, но и на домашни диск-џокеи, кои настапија на бината „Произведено во Детроит“.

Едукативната програма на фестивалот не познаваше старосни граници, така што во работилницата „Семпл енд холд“, што ги претстави таканаречените „теренски снимки“ од разни делови и подрачја во светот, видовме татковци со деца.

На друга фестивалска содржина, наречена забава од една милја - бескрајна редица шатори, подиуми за танцување, штандови за храна и пијалоци, облека, сувенири...

Сепак, епицентар на фестивалот беа видео-клиповите што се и остануваат место за реализација на иновативни комбинации на сликата и звукот - потврда дека визуелната музика останува еволутивна нишка на мултимедијалната уметност на 21-от век.

Лани, фестивалот го посетиле 107.000 обожаватели на електронската музика.

Организаторите проценија дека годинава таа бројка ќе биде надмината, најмногу поради репутацијата и имиџот што го градат звучните имиња.
XS
SM
MD
LG