Линкови за пристапност

Тадиќ: Србија и Mакедонија ги зближуваат и невољи


Тадиќ: Србија и Mакедонија ги зближуваат и невољи
Тадиќ: Србија и Mакедонија ги зближуваат и невољи

Српскиот претседател во посета на Македонија.

Српскиот претседател Борис Тадиќ е во официјална посета на Македонија. Со домаќинот, шефот на македонската држава Ѓорге Иванов разговарал за билатералните односи и евроатлантските перспективи.

„Не не` обесхрабрува што имаме дополнителни услови и што Македонија веќе трета година има позитивен извештај, но нема датум. Продолжуваме со сите наши реформи и со сите достигнувања на европските критериуми, вредности и принципи внатре во државата. Како држава, имаме цел да ја создадеме Европа внатре во државата. Тогаш многу полесно ќе одат и преговорите и полесно ќе можеме да и` кажеме на Унијата дека сме подготвени за членство. Иако имаме одлагања и некои мислат дека сме пропуштиле многу, овие три години се прават реформи кои се корисни“, изјави претседателот Иванов.

„Македонија и Србија ги зближуваат и невољи“, рече Тадиќ и ги повика српските политичари да се угледаат на македонските, бидејќи и по три години не се обесхрабриле, наспроти нив кои се обесхрабриле и по првиот обид да добијат кандидатски статус од Унијата

Едно од прашањата на заедничката прес-конференција беше и за „случајот Вранишковки“ и спорните односи меѓу Српската и Македонската православна црква.

„Тој проблем не смее да ги оптоварува односите меѓу двете земји. Црковното право не е дел од државното. Од витален интерес за Србија и за нашите односи со Македонија е тој проблем да се реши, а не да стои меѓу нас“, порача Тадиќ.

Според српскиот претседател, враќањето на, како што го нарече, господин Јован, односно господин Вранишковски, нема никаква врска со неговата најавена официјална посета на Македонија, туку е личен чин поврзан со судската постапка што се води против него во државава.

Тема на разговрите била и економската соработка - трговската размена во моментов изнесува 600 милиони долари. Дефицитот е македонската страна. Претседателот Иванов изрази надеж дека тој ќе биде надокнаден со зголемување на извозот на македонски производи на српскиот пазар.

Во врска со барањето на Иванов за време на посетата на Белград пред година и пол, да и` се дозволи пристап на Македонија во тајните досијеа од поранешната федерација што се наоѓаат во Архивот во Белград, а со што би се олеснил актуелниот процес на лустрација, Тадиќ изјави дека на тоа се работи и дека наскоро проблемот ќе биде разрешен.

На дневен ред на Тадиќ се и средби со премиерот Груевски и претставници на српската етничка заедница во Македонија.

XS
SM
MD
LG