Линкови за пристапност

Сирија: продолжуваат нападите и по резолуцијата на ОН


Сирија: продолжуваат нападите и по резолуцијата на ОН

Сирија: продолжуваат нападите и по резолуцијата на ОН

САД: Ал-Асад никогаш не бил поизолиран.

Сведоци јавуваат дека сириските сили вршат артилериски напади врз областите што ги држат бунтовниците во градот Хомс, само еден ден откако Генералното собрание на ОН го осуди режимот во земјата дека ги прекршува човековите права.

Генералниот секретар на ОН Бан ки Мун ја обвини владата на претседателот Башар ал–Асад за „речиси сигурни“ злосторства против човештвото.

Американската амбасадорка во ОН Сузан Рајс рече дека Генералното собрание испратило јасна порака до Сиријците дека светот е со нив и дека Асад никогаш не бил поизолиран.

Резолуцијата што ја одобрија 137 од 193 земји-членки ја повикува владата на Асад веднаш да стави крај нападите против цивили и го одобрува планот на Арапската лига за демократска транзиција во Сирија. Планот предвидува Асад да слезе од власта и да се формира влада на национално единство што ќе работи на организирање на избори под меѓународна контрола.

Резолуците на Генералното обрание не се обврзувачки, но го одразуваат светското мислење за важни прашања.

11 земји и` се приклучија на Сирија во гласањето против резолуцијата, меѓу кои и Русија и Кина. Сирискиот амбасадор во ОН Башар Џафари ги обвини арапските коспонзори на резолуцијата дека заговораат со „терористите“ за поткопување на сириската влада.

XS
SM
MD
LG