Линкови за пристапност

11 години подоцна: дали е побезбедно?


Анкета на Гласот на Америка на годишнината од терористичките напади во САД.

САД денеска се сеќаваат на жртвите од терористичките напади од 11-ти септември 2001-ва. Камерата на Гласот на Америка на македонски направи анкета по улиците на Вашингтон – дали земјата е побезбедна 11 години по најкрвавиот терористички чин во својата историја?

  • Тешко е да се каже. Немаше терористички напад оттогаш, иако може да случи во секое време. Потрошивме многу пари во двете војни во Ирак и во Авганистан, многу Американци ги загубија животите и тешко е да се каже дали сме побезбедни.

  • Денес сме побезбедни поради политиката на претседателот Обама, пред се` поради безбедносните мерки кои ги воведе во земјата.

  • Да, дефинитвно сме побезбедни, затоа што се основа Одделот за домашна безбедност и јас едно време бев дел од него. Безбедносните агенции споделуваат информации меѓу себе и благодарение на тоа многу терористи беа фатени или убиени.

  • Многу е направено за подобрување на безбедноста, но мислам дека граѓаните треба повеќе да соработуваат со владата во зголемување на севкупната безбедност.

  • Исто се чувствувам – ниту помалку, ниту повеќе безбедно. Воведени се поголеми безбедносни мерки на аеродромите и пристаништата, но не можам да кажам дали е побезбедно.

  • Да, побезбедни сме. Затоа што го убивме Осама бин Ладен. Им нанесовме удар на водачите на Талебан.

  • Домашниот тероризам, а не меѓународниот претставува поголема закана денес.
XS
SM
MD
LG