Линкови за пристапност

Тренд: Моден бутик на четири тркала


Наместо вие во продавница, продавницата кај вас

На раскрсницата меѓу Улицата Хајленд и Булеварот Кларендон, недалеку од центарот на Вашингтон, го најдовме модниот „Уличен бутик“ на четири тркала. Тоа е најновиот тренд во главниот град на САД, по успехот што го доживеаја мобилните киосци за храна.

Откако 26-годишната сопственичка Шарлија Ли го отвори дуќанот, за кусо време се насобраа муштериите. Пробуваа разговараа, прашуваа...

Во мобилниот бутик на Ли има се` - од накит, женски чанти и очила за сонце, па се` до фустани, маици, блузи и марами. Вели дека облеката ја купува од Далас, Лос Анџелес, Њујорк, Лас Вегас...

Патува по набавки неколкупати во годината. Се води од трговскиот инстинкт, да понуди нешто што не може да се најде на друго место. Знае што му недостига на Источниот брег на САД и затоа се обидува да продава модни детали од Западниот брег.
Кој купува од мене, знае дека купил уникатен моден детаљ, што не може да се најде на друго место
За Гласот на Америка објаснува што ја навело да го стави својот бутик на тркала и по што се разликува од синџирите на трговски куќи: „Купувам мала количина на облека и веднаш ја продавам. Ако нешто ви се допадне, има само еден модел. Нема да го најдете следната недела. Кој купува од мене, знае дека купил уникатен моден детаљ, што не може да се најде на друго место“.

Шарлија Ли на своето работно место

Шарлија Ли на своето работно место

Со бизнисот се занимава веќе две години. Иако има диплома по хемија, претежнала љубовта кон модата. Планира да го прошири бизнисот и да има по еден бутик на четири тркала во соседните метрополи.

И Ли Редки од Џексонвил, Флорида, заедно со сопругата, е сопственик на сличен бутик. За неговото искуство со модните камионети во сончевата сојузна држава, вели: „Кога по првпат се појавивме на улица, муштериите не` пречекаа со голем интерес поради можноста да купуваат во понепосредна атмосфера“.

Каде ќе бидат дента мобилните бутици, најлесно може да дознаете преку социјалните мрежи, Твитер, Фејсбус, Инстаграм.

Во јануари 2001-ва, во САД биле регистирани само три модни камионети.

Денес, според Здружението на продавачи во Вашингтон, во целата земја има над 350, а во главниот град - оперираат седум.
XS
SM
MD
LG