Линкови за пристапност

Случајот против Строс-Кан на нестабилни нозе


Случајот против Строс-Кан на нестабилни нозе

Случајот против Строс-Кан на нестабилни нозе

Доведен во прашање кредибилитетот на обвинението

Поранешниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Строс-Кан денеска ќе се појави пред судот во Њујорк по случајот покренат против него за наводно сексуално злоставување на хотелска собарка. Случајот во моментов е на нестабилни нозе поради прашања за кредибилитет на жената која го обвинува за делото.

Според Њујорк тајмс, собарката, имигрантка од Гвинеја на неколу наврати лажела пред обвинителството откако ја дала првичната изјава. Весникот наведува дека биле откриени сериозни контрадикторни информации за минатото на оваа жена, како прашањата за нејзината апликација за азил, како и можната поврзаност со криминални актовности како шверц со дрога и перење на пари.

Строс-Кан се произнесе дека не е виновен по обвинението. Неговите адвокати од судијата денеска ќе побараат да ја намали висината на можната кауција од шест милиони долари, како и олеснување на условите за ослободување. Поранешниот директор на ММФ се наоѓа под 24-часовен домашен притвор и надзор. Овие услови месечно го чинат 250.000 долари.

XS
SM
MD
LG