Линкови за пристапност

Американски носач на авиони во Персискиот Залив


Американски носач на авиони во Персискиот Залив
Американски носач на авиони во Персискиот Залив

Иран се закани дека ќе го затвори теснецот ако биде погоден со дополнителни санкции; САД реагираат

Американски носач на авиони без проблеми мина низ Теснецот Ормуц во Персискиот Залив, еден месец откако Иран предупреди САД да не распоредуваат воени бродови во преминот што важи за главна маршрута на светската нафта. Иран се закани дека ќе го затвори теснецот ако биде погоден со дополнителни санкции. САД, пак, одвратија дека нема да толерираат никакво затворање.

Факти:

- Теснецот ги поврзува главните извезувачи на нафта во Персискиот Залив, како Саудиска Арабија, па се` до Заливот Оман.

- На север, се граничи со Иран, а на југ од Оман и Обединетите Арапски Емирати.

- Преминот е широк само 54 километри на најтесната точка.

- Секојдневно низ него минуваат 17 милиони барели нафта.

- САД, западна Европа и Јапонија се едни од најголемите увезувачи на нафта од регионот.

XS
SM
MD
LG