Линкови за пристапност

Ученичка од Тетово на културна размена во САД


Ученичка од Тетово на културна размена во САД
Ученичка од Тетово на културна размена во САД

17-годишна ученичка од Тетово Влора Мемеди е една од 35-те Европејци и 10 Американци во програмата

Млади претставници од разни држави во светот, во рамки на Трансатлантската иницијатива Бенџамин Франклин за меѓународна културна размена, се на петнеделен престој во САД, во организација на Универзитетот Вејк Форест.

Програмата е финансиски поддржана од Стејт департментот, а ги акцентира трансатлантските односи, улогата на слободниот печат и Интернетот во демократијата и од полза на локалната заедница.

17-годишна ученичка од Тетово Влора Мемеди е една од 35-те Европејци и 10 Американци во програмата. Имам привилегија да бидат претставник од Македонија – раскажува Влора. Вели - сака да ги урне стереотипите и предрасудите што постојат меѓу етничките Албанци и Македонци и да помогне да се премости јазот меѓу двете најголеми етнички заедници во земјата.

„Се` што знаев за Македонците - ми беше кажано, но сега кога имам поголеми контакти со нив, сметам дека можеби се разидуваме за политиката, но во суштина сме исти. Треба заедно да се бориме за доброто на нашата земја и да заборавиме на меѓусебните проблеми, затоа што има место за секој во оваа земја“, вели Мемеди.

Влора ни говореше на англиски јазик, затоа што и` било полесно да се изрази, но смета дека секој треба да го учи јазикот на другиот, за полесно разбирање.

XS
SM
MD
LG