Линкови за пристапност

Играчки од „Војна на ѕвездите“ - фантазија и профит!


Се отвараат продавници со играчки и паркови на тема поврзана со најновиот филм

Инспирирано од најновото продолжение на „Војна на ѕвездите – силата се буди“, новата генерација на Једи-витези се подготвуваат за борба.

Ако сте во тематскиот парк Дизни, помалку фантазија е потребно да му се спротивставите на злото, а полесно е да верувате дека „силата“ е со вас во вашата дневна соба, доколку го имате вистинскиот костум и - светлечката сабја.

„Ние ќе продадеме тони од овие „Војна на ѕвездите“ производи, плус сум го гледал филмот и навистина уживав, вели Стивен Аронс, сопственик на игротеката Барстон.

Една од најголемите продавници за играчки „Тојс Фор Ас“, објави дека играчките на тема „Војна на ѕвездите“, биле многу популарни уште пред да излезе филмот во кино салите. Биле меѓу „најпродаваните играчки“ заедно со коцките ЛЕГО.

Компанијата Амазон, јавува за голем интерес за тематските производи врзани со „Војна на ѕвездите“. Регистирана е рекордна продажбата, споредено со претходните филмови од серијата.

Дизни го купи Лукасфилм пред три години и сега ги поседува правата за сите производи на „Војна на ѕвездите“. Експертите велат дека можат да генерираат половина милион долари во приход.

Дејвид Веитзнер беше шеф на маркетинг кога првиот филм излезе во далечната 1977-та.

„Филмот стана феномен и одеднаш секоја компанија која сакаше да има лиценциран производ од „Војна на ѕвездите“, тропаше на вратите на нашиот трговски оддел.“, вели Веитзнер.

Светлечките сабји и други играчки добро се продаваа поради тоа што ги потсетуваше муштериите, на филмот во кој уживале и пријателите со кои го делеле ова искуство, според професорот за маркетинг Џени Буркхалтер од Универзитетот свети Џозеф во Филаделфија.

„Ако се поврзуваме со тој карактер, како фанови, тогаш тоа е начин за доживување на тоа искуство...или друг вид на забава што сме ја имале...Нешто од тоа е поврзано со приказната, но, нешто и за социјалните елементи и уживањето во приказната со други луѓе“, коментира професорката Буркхалтер.

Во меѓувреме, младите Једи тренираат напорно, зашто, барем во нивната фантазија, тие мораат да бидат подготвени да се спротивстават на непријателот, кој е моќен, страшен и навистина многу грд!

XS
SM
MD
LG