Линкови за пристапност

Разликите се надминуваат во вселената


Претставници на 30 земји на министерската средба во Вашингтон за иднината на човековата одисеја надвор од Земјата

САД синоќа беа домаќин на, како што ја нарекоа американски официјални лица, првата средба на министерско ниво за градење на поддршка за соработка во вселената.

Претставици на 30 земји, меѓу кои и на Кина, Русија, Индија и ЕУ, синоќа се собраа во Вашингтон на дискусија за иднината на вселенските истражувања воопшто, постигнувањата во роботското истражување на вселената конкретно, како и проширувањето на човековиот дофат поддалеку од орбитата на Земјата.

Американскиот заменик-државен секретар Вилијам Бурнс ја реафирмираше американската посветеност на вселенските истражувања и говореше за потребата од заеднички цели со другите земји, како на пример одбрана на планетата од објекти што би минале во нејзина непосредна близина, или пак од вселенски отпад.

“За да се справиме со овој предизвик, продолжуваме со соработката со Комитетот на ОН за мирољубиво користење на вселената, како и со поединечни земји, за да развиеме меѓународен кодекс на однесување во вселенските активности“, рече Бурнс.

Џон Холден, директорот на Канцеларијата на Белата куќа за научна и технолошка политика, ја наведе Меѓународната вселенска станица како идеална платформа за ваквиот вид на соработка.

„Можеби имаме различни знамиња на вселенските костуми, различни култури, традиции и политички системи, но, како што тоа го покажа успехот на Меѓународната вселенска станица, тие разлики може да ги надминеме во вселената“.

Минатата година беа постигнати неколку клучни чекори во вселенската одисеја: Кина стана третата земја што се спушти на Месечината, Индија лансираше летало што ќе орбитира околу Марс, а американската сонда Војаџер 1 стана првото летало направено од човека што го напушти Сончевиот систем.
XS
SM
MD
LG