Линкови за пристапност

Само во Америка: Јужна Дакота како ниедна друга држава


Само во Америка: Јужна Дакота како ниедна друга држава
Само во Америка: Јужна Дакота како ниедна друга држава

Ако ве привлекува патување низ времето, ве возбудуваат временски капсули и такви работи, ќе ви се допадне Јужна Дакота

Ако сакате да се вратите назад во времето, конкретно во 1940-те години, препорачуваме да ја посетите планинската сојузна држава Јужна Дакота.

Тоа беше времето на автопати, кога не можеше да се занемарат малите гратчиња наредени на 600 километри од Минесота на исток и Вајоминг на запад. Ова е место на необични мотели и фарми на змии, семејни зоолошки градини, и – величествениот Националниот парк Јелоустон.

Во Мичел, Јужна Дакота, на пример, постои Пченкарна палата. Не е шега, зградата е покриена со 275.000 класови пченка.

Во градот Лемон, пак, се наоѓа дрвен парк што некои го опишуваат како „шума од замрзнати фосили“. Во гратчето Рапид впечатлива е куќа во форма на чевел, музеј на оцет, кривогледи риби и тоалети на отворено.

Патувајќи низ ова живописно место и натаму се забележливи билборди на кои се рекламира Вол драг – синџир на мали продавници од почетокот на 1930-те години, кои се пробиле на пазарот едноставно преку промоција на „бесплатна ладна вода“, во време кога ладен пијалок во преријата било тешко да се најде. И во денешно време стотици билборди носат слчни наслови – дека нешто е бесплатно, или каде ќе најдете ледена вода и кафе за само пет центи, иако продавницата сега е голема и главно продава каубојска опрема, индијански сувенири и хамбургери од бизонско месо.

XS
SM
MD
LG