Линкови за пристапност

Голема воена вежба во Југоисточна Азија


Воздухопловните сили на Тајланд, САД и Сингапур ја тестираат подготвеноста заедно да оперираат во регионот.

Воздухопловните сили на Тајланд, САД и Сингапур ја тестираат нивната подготвеност и способност заедно да оперираат во голема воена вежба кај Кралската тајландска воздухопловна база Корат.

Американскиот раководител на вежбата, полковникот Марк Кудил објасни дека за време на двонеделната вежба, позната под името „Cope Tiger 12“, повеќе од 1.600 војници и цивили учат како да одговорат на цел спектар на кризи, од хуманитарни и природни катастрофи до потенцијални регионални безбедносни закани.

Воздухопловци од трите држави исто така ќе ги напуштат летачките операции за кратко, за да ги посетат околните училиштаи да ги зајакнат врските со локалните тајландски заедници. Воздухопловците учествуваа и во спортски активности, дискусии на англиски и културни размени во локални средни училишта.

Годишната вежба завршува на 23-ти март.

XS
SM
MD
LG