Линкови за пристапност

Фудбалерките на САД во четвртфинале


U.S. midfielder Carli Lloyd speaks to reporters before a training session for the round of eight in the FIFA 2015 women's World Cup soccer tournament at Algonquin College in Ottawa, Ontario, June 24, 2015.

U.S. midfielder Carli Lloyd speaks to reporters before a training session for the round of eight in the FIFA 2015 women's World Cup soccer tournament at Algonquin College in Ottawa, Ontario, June 24, 2015.

Петочниот натпревар со репрезентацијата на Кина ќе се одигра во Канада

САД и Кина по 16 години се среќаваат во четвртфинале на Светското првенство во фудбал.

Последен пат двете репрезентации ги одмерија силите на Светското првенство во 1999-та, а поуспешни беа САД по изведувањето на пеналите во Пасадена, Калифорнија.

Изминатите години, САД се доминантни над кинеските колешки и по последните 20 меча имаат гол-скор 54-8.

Но, засега на Светското првенство во Канада, второрангираните Американки постигнаа само шест гола, но имаат цврста одбрана и 333 минути немаат примено гол!

Сепак, Американците против Кина ќе играат без едни од најдобрите во тимот, Лорен Холидеј и Меган Рапино, обете ќе паузираат поради два жолти картони.

Но, ѕвездата и центарфорка Аби Вамбах не е загрижена:

„Ова е светско првенство. Ако не победиме, се враќаме дома. Кина не треба да ја потцениме“, рече Вамбах.

САД завршија на првото место во Групата Д, таканаречената „Група на смртта“, со поразувајќи ги Нигерија и Австралија, а одиграа нерешено без голови со Шведска. Во осминафиналето ја елиминираа Колумбија со 2:0.

Кина е рангирана на 16-тото место според ФИФА. Во нејзината група заврши на второто место, веднаш зад Канада.

Денеска во друго четврфинале се среќаваат Германија и Франција во Монтреал. Овој се смета за најдобар и најинтересен дуел во оваа фаза од Светското првенство.

Треторангираната Франција претрпе изненадувачки пораз од Колумбија 2:0, но успеа да го мине групното натпреварување со победата врз Јужна Кореја од 3:0.

Германија заврши на првото место во групата Б ја порази Шведска со 4:1 и е најпрецизна на турнирот со 19 постигнати голови и примени само два.

Во преостанатите два четврфинални меча во сабота, актуелниот шампион Јапонија се среќава со Австралија, а Англија игра против домаќинот Канада.

XS
SM
MD
LG