Линкови за пристапност

Марш за мир во Скопје

  • Соња Трајковска

Граѓански организации и јавни личности во сабота ќе упатат порака за соживот и почитување, како реакција на неодамнешните инциденти.

Седумдесет и една граѓанска организација и огромен број јавни личности во Македонија утре ќе го предводат Маршот на мирот во Скопје. Од собирот ќе биде испратена порака за мир, заедништво и општество без насилство.

Маршот ќе започне со мал концерт и читање на Манифестот на мирот во Градскиот парк, а потоа учесниците ќе минат долж улицата Илинденска и Камениот мост, покрај зградата на Влада и ќе се вратат во Градскиот парк. Организаторот, граѓанското движење „Заедно за мир“, најави дека идејата е да се акцентира мирот, заедничкиот живот и почитувањето, како одговор на изминатите напнати денови во кои се случија насилнички инциденти. „Тензиите да се смират. За пријателство, наместо насилство“, е пораката која можат да ја испратат сите граѓани кои ќе се придружат на утрешниот марш.

Како најава за маршот, јавни личности - актери, музичари, спортисти, новинари, членови на невладини организации, но и обични граѓани, припадници на сите етнички заедници во Македонија, во видео-спот повикуваат на запирање на насилството и да се демонстрира дека во Македонија се живее - заедно и мирно.

XS
SM
MD
LG