Линкови за пристапност

Потребна е акција за сузбивањето на питањето на деца


Потребна е акција за сузбивањето на питањето на деца
Потребна е акција за сузбивањето на питањето на деца

Конференција во Охрид: Заштитата на децата од економска експлоатација

Повеќе од 2.000 деца на територијата на Република Македонија, кои најчесто се од ромската популација секојдневно се изложени на економска, комерцијална, сексуална експлоација, како и секојдневна злоупотреба на трудот, беше истакнатто на конференцијата која на тема „Заштитата на децата од економска експлоатација“ се одржува во Охрид.

Децата oд улица најчесто се жртви и на трговија со органи, продажба на наркотични средства, питање, изложени на студ или жештини, без здравствена грижа, воспитување и образование.

„Проблемот со децата на улица треба да се решава со глобална акција од сите сегменти во општеството. Најпрвин треба да се разгледаат причините кои довеле до негово појавување, а економската состојба е една од најголемите причини децата да бидат на улица. Реалноста покажува дека децата на улица се од нефункционални семејства, сиромашни и необразовани родители“, истакна народниот правобранител Иџет Мемети на Годишната конференција на омбуцманите за деца на Југоисточна Европа што денеска и утре се одржува во Охрид.

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски изјави дека Владата заедно со надлежните министерства промовира координиран пристап кон појавата на злоупотреба на децата и детскиот труд, а се со цел заштита на правата на овие деца. Министерството за социјала пак евидентирало 500 деца на улица а најмладото дете било со месечна возраст.

„Во овој момент се реализираат заеднички акции на Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи и се спроведуваат теренски активности за намалување на појавата на деца на улица. На територијата на Скопје се одземени шест деца од улица, а во Куманово 14 деца. За 11 родители издадено е решение за вршење на надзор за родителското право а за четири се поведени постапки за одземање на родителско право.

Сепак е тоа долг процес во кој ќе бидат вклучени сите институции во сузбивање на овој проблем, вели министерот Ристовски кој најави дека акциите на терен ќе продолжат и во другите градови, а ќе бидат отварани и нови дневни и транзитни центри за згрижување на овие деца“.

За Драги Змијанац од Детската амбасада „Меѓаши“, дневните центри се делумно решение кое нема во целост да го реши овој проблем.

Според него Владата треба да направи обид да ги вклучи сите деца преку локалните самоуправи во воспитно образовниот процес.

XS
SM
MD
LG