Линкови за пристапност

Кој е рускиот амбасадор во Вашингтон?


Профил на дипломатот кој се најде во средиштето на кризата

Рускиот амбасадор во САД Сергеј Кисљак кој важи за неекспониран ветеран-дипломат се најде во центарот на контроверзата поради тесните врски со Доналд Трамп со што неколкупати ја поддржа новата администрација. Тој е 66 годишен, оженет, и има возрасна ќерка.

Тој е дел од Школата за поранешни советски и актуелни руски министри за надворешни работи од 1977-ма. Негови претходни задачи биле во советската мисија на ОН, постојан руски претставник во НАТО, руски амбасадор во Белгија, заменик-министер за надворешни работи.

Тој е амбасадор на Русија во Вашингтон од 2008-ма, и честопати можеше да се види на настани во главните град на САД.

Аналитичарите го опишуваат како пријателски настроен дипломат, кој честопати ја отворал руската амбасада за вечери со новинари и официјални лица од Вашингтон.

Кисљак рече дека додека Русија и САД беа во можност да стават крај на Студената војна, но не успеаја да „воспостават мир пост-Студената војна“.

XS
SM
MD
LG