Линкови за пристапност

Кој е Михаил Прохоров?


Кој е Михаил Прохоров?
Кој е Михаил Прохоров?

Милијардерот без искуство во политиката ќе се соочи со Путин на изборите следната година.

Рускиот милијардер Михаил Прохоров најави дека ќе го предизвика Владимир Путин на претседателските избори во земјата.

Тој е е еден од најбогатите Руси и главен сопственик на кошаркарскиот тим Њу Џерси Нетс од НБА-лигата. 46-годишниот Прохоров самиот е со кошаркарска висина од 203 сантиметри. Го создал богатството во банкарството и металната индустрија. На неговата официјална Интернет страница пишува дека „доживеал голем успех на глобално ниво во бизнисот со финансии и природни ресурси“.

На листата на најбогати луѓе во светот на магазинот Форбс за 2011-та, овој ерген го зазеде 32-рото место со богатство што се проценува на 18 милијарди долари.

Претседателските избори во Русија ќе се одржат во март следната година.

XS
SM
MD
LG