Линкови за пристапност

Запленет радиоактивен материјал во Москва


Запленет радиоактивен материјал во Москва

Запленет радиоактивен материјал во Москва

Изотоп натриум 22 во багаж на патник за Иран на аеродромот Шереметјево.

Руските власти соопштија дека на московскиот аеродром Шереметјево заплениле радиоактивен материјал во багаж на лице кое патувало за Иран.

Според соопштението на Царинската служба, запленетиот материјал е радиоактивен изотоп натриум 22. Службата наведува дека овој вид може да се најде само во нуклеарни реактори.

Властите велат дека радиоактивниот материјал ги активирал сензорите на аеродромот.

Засега нема други детали.

XS
SM
MD
LG