Линкови за пристапност

14 загинати во новиот терористички напад во Волгоград


Втора експлозија во последните два дена

Волгоград втор ден по ред мета на терористички напади. Властите соопштија дека 14 лица загинале во денешната експлозија во тролејбус во јужниот руски град.

Вчера, пак, напаѓач-самоубиец активираше експлозив во главната железничка станица во градот. Загинаа најмалку 17 лица, а речиси 30 се повредени.

Портпарол на истрагата соопшти дека денешната бомба била слична на вчерашната, со тоа потврдувајќи ги сомневањата дека нападите можеби се поврзани.

Рускиот претседател Владимир Путин наредил зајакнати контратерористички мерки во Волгоград и насекаде низ земјата.

Засега никој не презеде одговорност.

Нападите се случуваат на само неколку недели пред Зимската олимпијада во Сочи, на 650 километри од Волгоград. Исламските милитанти се закануваа дека ќе го попречат настанот.

САД синоќа остро го осудија нападот во Волгоград и изразија сочувство до семејствата на жртвите. Во соопштението на Стејт департментот стои дека САД се солидарни со рускиот народ против тероризмот од секаков вид.

Меѓународниот олимписки комитет изрази сочувство и убеденост дека Русија може да пружи безбедни услови за време на Игрите. Претседателот на Рускиот олимписки комитет Александар Жуков најави дека во Сочи нема да бидат спроведени дополнителни безбедносни мерки затоа што „веќе е сторено се` што било непходно“. Русија воведе едни од најстрогите мерки досега на еден меѓународен спортски настан, како ограничен пристап во Сочи со помош на безбедносен кордон околу градот и задолжителни акредитиви за посетителите што вклучуваат податоци од пасошот и контакт-информации.
XS
SM
MD
LG