Линкови за пристапност

Со 20 новоосвоени делегати Ромни ја сели кампањата во Илиноис

Републиканскиот претседателски кандидат Мит Ромни победи на прелиминарните избори во Порторико и го зајакна водството додека се бори за освојување на партиската номинација. Изборните лица известуваат дека поранешниот гувернер од Масачусетс освоил 83 проценти, додека неговиот главен ривал, Рик Санторум, бил на далечно второ место со осум проценти од гласовите.

„Сакам да им се заблагодарам на жителите од Порторико, кои ни овозможија да освоиме 20 делегати на овие прелиминарни избори. Ова се многу добри вести“, рече Ромни пред насобраните симпатизери.

За освојување партиска номинација на Републиканската партија се неопходни 1.144 делегати.

Републиканската кампања сега се сели во сојузната држава Илиноис каде во вторник се одржуваат прелиминарни избори. Во Луизијана ќе се гласа в сабота.

XS
SM
MD
LG