Линкови за пристапност

Одложено лансирање на вселенска ракета


Неочекувани технички проблеми го презакажаа лансирањето за петок

Денешното лансирање на вселенско летало без епипаж кон Меѓународната вселенска станица беше откажано непосредно пред полетувањето од Вселенскиот центар во Флорида.

Одбројувањето за лансирањето на Спејс Икс Фалкон 9 било запрено поради неочекуван технички проблем.

Американската вселенска агенција НАСА објави дека ќе се обиде да го лансира вселенското летало со карго опрема во петок.

Ракетата треба да достави 2.000 килограми намирници, натоварени на вселенската капсула Спејс Икс Драгон на Меѓународната вселенска станица.

Успешната мисија ќе значи еден чекор поблизу до користење на обновливи ракети за идни летови во вселената, што ќе ги намали лансирните трошоци.

XS
SM
MD
LG