Линкови за пристапност

Последен ден на Републиканската конвенција


Delegates are on their feet at the Republican National Convention, in Cleveland, July 20, 2016.

Delegates are on their feet at the Republican National Convention, in Cleveland, July 20, 2016.

Доналд Трамп вечерва ќе ја прифати номинацијата

Денес е ден на Трамп на Републиканската национална конвенција.

По три дена убави зборови за него од страна на некои од најголемите имиња во партијата, и неговата формална номинација за републикански претседателски кандидат, Трамп ќе ја прифати номинацијата со обраќање во Кливленд, Охајо.

Единството беше клучен фокус за републиканците по нивната бурна сезона на прелиминарни избори што заврши со Трамп како нивни избор кој ќе се спротивстави на демократката Хилари Клинтон на ноемвриските избори.

Некогашните ривали, како сенаторот од Флорида Марко Рубио и гувернерот од Висконсин Скот Вокер, ги употребија своите обраќања на конвенцијата во средата да го поддржат милијардерот од Њујорк. Но тексашкиот сенатор Тед Круз, еден од лутите противници на Трамп во кампањата, беше исвиркан кога одби да му даде поддршка на Трамп.

Лутите извици се претворија во радосни кога Круз излезе од сцената и се појави Трамп на разни места во арената.

Главен говорник на ноќта беше гувернерот на Индијана Мајк Пенс, изборот на Трамп за потпретседател, кој го искористи говорот да ја претстави Хилари Клинтон како симбол на излитено политичко минато.

Републиканците последниот ден на конвенцијата го насловија како „Да ја направиме повторно Америка една“.

XS
SM
MD
LG