Линкови за пристапност

Мртви, а прават пари!


Мртви, а прават пари!

Мртви, а прават пари!

Листата на Форбс ги наведува сите покојни славни личности кои заработиле најмалку 6 милиони долари во периодот од октомври 2010-та до октомври 2011-та.

Втора година по ред, кралот на поп-музиката Мајкл Џексон заработува повеќе од која и да е друга почината ѕвезда.

Според анализата на магазинот Форбс, кој ја подготвува листата, Џексон изминатата година заработил 170 милиони долари. Поголем дел од парите се од продажба на неговите албуми и сувенири.

На второто место е кралот на рокенролот Елвис Присли со 55 милиони долари од продажба на албуми, но и билети за популарен мјузикл во Лас Вегас шо користи негови песни.

Потоа следат актерката Мерлин Монро со 27 милиони долари, креаторот на цртаниот филм „Снупи“, Чарлс Шулц, членот на Битлси Џон Ленон и холивудската икона Елизабет Тејлор.

Листата на Форбс ги наведува сите покојни славни личности кои заработиле најмалку 6 милиони долари во периодот од октомври 2010-та до октомври 2011-та.

XS
SM
MD
LG