Линкови за пристапност

Републиканските кандидати во силна кампања


Републиканските кандидати во силна кампања

Републиканските кандидати во силна кампања

На еден ден пред тестот во Ајова, анкетите покажуваат предност на Ромни и Пол, а веднаш по нив Санторум.

Републиканските претенденти за претседателската функција имаат само уште еден ден за кампањи пред почетокот на прелиминарните партиски избори во Ајова, што важи за првиот голем тест за претседателските избори во ноември. Според анкетата на највлиајтелниот весник во оваа сојузна држава „Де Моин реџистер“, трката е неизвесна. Според весникот, гувернерот од Масачусетс Мит Ромни во моментов е во водство со 24 проценти поддршка, а веднаш по него е конгресменот од Тексас Рон Пол со 22. Трет е поранешниот сенатор Рик Санторум со поддршка од 15 отсто меѓу потенцијалните гласачи.

Весникот додава дека 41 проценти од оние кои планираат да учествуваат на изборите се` уште се неодредени за кого ќе гласаат или дека е можно да го променат своето мислење пред вторник.

XS
SM
MD
LG