Линкови за пристапност

Меѓу републиканците Гингрич води


Меѓу републиканците Гингрич води

Меѓу републиканците Гингрич води

Додека Херман Кејн размислува дали да продолжи, Њут Гингрич изби на прво место

Еден ден откако еден од републиканските претенденти за претседател Херман Кејн изјави дека ќе ја преиспита својата кампања, ориде најавен настан во сојузната држава Охајо.

„Гласот на народот е повлијателен од гласот на медиумите“, кажа Кеин.

Овој бизнисмен од сојузната држава Џорџија ги порекна обвиненијата за вонбрачна врска со Џинџер Вајт, која тврди дека имала 13-годишна врска со него.

„Беше мошне неформална врска. Добивав подароци и пари изминативе две ипол години. Не беше секс за пари“, изјави Вајт за тв-мрежата Еј-Би-Си.

Обвининијата доаѓаат во време на други наводи за сексуално напаствување поврзани со овој кандидат од уште четири други жени, кои во јавноста излегоа пред неколку недели. Крајниот резултат: Кејн ја губи поддршката кај потенцијалните гласачи.

Републикански претендент за претседател кој води во моментов, според најновите неколку испитувања на јавното мислење, е Њут Гингрич, поранешен претседател на Претставничкиот дом.

„Не тврдам дека сум совршен кандидат. Јас само тврдам дека сум многу поконзервативен од Мит Ромни и други кандидати во актуелната трка“, вели Гингрич.

Паѓањето на рејтингот на Кејн се чини дека му помогна на Гингрич, кој во моментов важи за главна алтернатива на поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни.

Ромни подолго време беше со најголем рејтинг меѓу анкетираните за време на кампањата на републиканците. Тој и натаму сето свое внимание го свртува кон претседателот Барак Обама.

„Претседателот Обама е добар човек. Но, не мислам дека разбира како функционира Америка. Не мислам дека ја разбира нашата економија. Не мислам дека ја разбира моќта на слободниот народ, слободен да ја избере животната насока“, вели Ромни.

Експертите велат дека републиканската трка полека се стеснува токму на овие два кандидата, а првиот тест ќе биде на 3-ти јануари 2012-та година, на помалку од пет недели од сега, во сојузната држава Ајова ќе се одржат првите прелиминарни избори каде републиканските гласачи ќе го дадат своето мислење за осумтемина кандидати.

XS
SM
MD
LG