Линкови за пристапност

Нов извештај на Репортери без граници за заканите и заплашувањата врз претставниците на седмата сила

Речиси една година по смртоносните напади во канцелариите на сатиричниот неделник Чарли Ебдо во Париз, нов извештај на репортери без граници го окарактеризира џихадизмот „меѓу најужанисте предатори врз слободата на печатот во светот“.

Невладината организација со седиште во Париз денеска објави најнов извештај насловен како „Џихадот против Новинарите“.

Деталите се наоѓаат под следниот линк:

http://en.rsf.org/IMG/pdf/rapport_daech_en_web.pdf

Извештајот ги сумаризира напорите на вооружените исламистички групи како Исламската држава, Ал-Каида, Боко Харам и Ал-Шабаб во заплашување и замолчување на новинарите и како спроведување тактики на репресија во земјите во кои тие известуваат.

Минатиот 7-ми јануари, браќата Шериф и Саид Коуачи, упаднаа во канцелариите на Чарли Ебдо во Париз, при што беа убиени осум членови од весникот и други четворица. Одговорноста за нападот ја презеде филијалата на Ал-Каида на Арапскиот полуостров.

„Како што покажа масакрот во канцелариите на Чарли Ебдо, влегуваме во период во кој заканите стануваат глобализирани“, изјави генералниот секретар на Репортери без граници Кристоф Дилор во соопштение заедно со извештајот. „Нема да бидеме во можност да ги заштитиме новинарите, доколку немаме обединети напори да се справиме со идеологиите коишто шират омраза и честопати имаат поддршка од држави. Зачувувањето на слободата на медиумите и независноста е голем предизвик за иднината на човештвото“.

Само лани беа убиени 69 новинари. Исламската држава и Ал-Каида се одговорни за 28 или 40 проценти од загубените животи, според Комитетот за заштита на новинарите.

Извештајот од минатата недела, може да прочита на следниот линк:

https://www.cpj.org/reports/2015/12/journalists-killed-syria-france-most-deadly-countries-for-the-press.php

Репортери без граници соопштија дека во моментов 154 новинарите се наоѓаат во затвор.

Во среда, Чарли Ебдо планира да објави сцецијално издание во еден милион примероци. На насловната страница ќе биде нацртана личност којашто го претставува Господ со брада со автоматска пушка в раце и под него ќе стои текст - Атентаторот е се` уште на слобода!

Преживеан од масакрот во канцелариите на Чарли Ебдо рече дека заедно со останатите 20-ти вработени се чувствува „особено осамен“ во предизвикувањето на терористите.

„Се надевавме дека и другите ќе се изразуваат преку сатира, рече финансискиот директор Ерик Портхаулт за агенцијата Франс-прес. „Никој не сака да ни се приклучи, затоа што оваа борба е опасна. Може да го загубите животот“.

XS
SM
MD
LG