Линкови за пристапност

Тренд: Изнајмување елен за Божиќ


Тренд: Изнајмување елен за Божиќ

Тренд: Изнајмување елен за Божиќ

Нов празничен бизнис што се шири во САД е изнајмување на елени со кочии и камили, за украс и забава.

Празничниот шопинг е во полн ек во продавницата Свансон во Сиетл, каде може да се купи речиси се` што е потребно за новогодишна декорација, од елка, до венец и санката на Дедо Мраз.

Но, она што го прави местото уникатно е што овде може да се изнајми елен, и тоа жив. Со себе носи специјално украсена кочија, а сопственици на „Реиндиер експрес“ се Ед и Соња Бенхард. Тие го изнајмуваат еленот и кочијата за различни промоции.

Овој брачен пар го започнал бизнисот во 1998-ма година, со само еден елен, а сега на својот ранч имаат 40. Националаната асоцијација на сопственици на елени проценува дека има најмалку 50 други изнајмувачи на овие животни за празничната сезона.

Во САД повеќето декоративни сцени за време на божиќните и новогодишни празници, за главен лик го имаат Дедо Мраз, а црквите, се разбира, поставуваат религизни прикази.

Семејството Бенхард е едно од многуте ранчери кои почнале да изнајмуваат и камили за сцените во црквите. Тие велат дека поседуваат пет кои се комплетно резервирани за празничната сезона.

„Размислувам надвор од нормите. Многумина ми велат дека сум луд, но за неколку години, очекувам таквите да го променат мислењето и ова ќе се покаже како мудар потег“, вели Ед.

Идејата звучи навистина мудро кога ќе чуете колку чини да се изнајми една камила за новогодишна сцена: 500 долари на ден.

XS
SM
MD
LG