Линкови за пристапност

Протест со зашиени усни!

  • Синиша Станковиќ

„Нем бунт“ на лицата од Иран на кои, како на економски мигранти, не им се дозволува влез во Македонија

Состојбата на македонско-грчката граница кај Гевгелија е мирна и стабилна, иако првите вести на известувачите од лице место утринава, беа дека е можна ескалација.

Имено, неколкумина од лицата, кои и вчера со разголени торза седеа на пругата на граничната линија и пеејќи и скандирајќи, бараа Македонија да ја отвори границата и да им овозможи да продолжат по балканската бегалска рута, до поставената цел – Германија или другите западноеверопски земји, денес го заостриле протестот.

Лицата кои се најверојатно жители на Иран, една од државите кои со селективното пропуштање се прогласени за „простор вон воените конфликти“, денес со игла и конец ги зашиле устите, за со „нем бунт“, да протестираат против неможноста да го продолжат патот.

За среќа, сепак, не дошло до ескалација на протестите, а неколку стотини, главно мажи, на кои не им се дозволува влез на територијата на Република Македонија, и понатаму не се откажуваат од протестот и намерата да го продолжат патот.

XS
SM
MD
LG