Линкови за пристапност

„Окупирај го Вол стрит“ се пренасочи на пристаништа


„Окупирај го Вол стрит“ се пренасочи на пристаништа

„Окупирај го Вол стрит“ се пренасочи на пристаништа

Протести од Ванкувер во Канада до Сан Диего во Калифорнија.

Демонстрантите од „Окупирај го Вол Стрит“ се обидуваат да ги блокираат пристаништата на западниот брег во САД и Канада. Движењето старо веќе три месеци наведува дека целта на протестите е иста и кога кампуваа по паркови - алчноста на корпорациите.

Денес протести имаше во пристаништата во Енкориџ, Лос Анџелес, Портланд, Сан Диего и Сиетл, како и канадскиот Ванкувер. Демонстрациите уследија по последните акции на полицијата ширум САД која растури неколку кампови на движењето во поголемите американски градови.

„Окупирај го Вол стрит“ започна во септември годинава во Њујорк. Движењето наведува дека застапува 99% од населението, наспроти 1% од најбогатите во САД.

XS
SM
MD
LG