Линкови за пристапност

Уметност зад решетки


Уметност зад решетки
Уметност зад решетки

Помага на затворениците да стекнат самопочитување, но и добро се продава во уметничките галерии.

Затворот и уметноста: некои луѓе во САД, кога ќе завршат зад решетки, земаат четка во рака за да се изразат. Затворската уметност е средство за рехабилитација, но и се продава во галерии во Вашингтон. Профитот го делат затворениците-уметници и „Фондацијата на затвори“, која го промовира ваквиот вид на уметност.

Пејсажи или апстрактни мотиви, за многумина затвореници сликите се потсетник на светот што го оставиле зад себе.

Денис Собин, директорот на „Фондацијата на затвори“ самиот минал 12 години зад решетки. Негов вентил била - гитарата. “Уметноста е исцелително, рехабилитационо и терапевтско средство“, вели Собин.

Ја формирал “Фондацијата за затвори“ уште пред да излезе на слобода. Говори за другите теми на затворениците, покрај пејсажите: „Некои сакаат да бидат со семејството - сликаат семејни собири. Некои се гневни поради искуството во затворот – ја прикажуваат жестоката реалност во ќелијата“.

Делата се продаваат во галерии во Вашингтон. Дејл Џонсон, сопственик на галеријата Вотергејт, оценува дека меѓу затворениците има - талентирани уметници.

„Има голема чувствителност во ваквата уметност. Гледате како размислуваат“, вели Џонсон.

Рона Бајер отслужува казна затвор во Флорида. Денис Собин од „Фондацијата на затвори“ чита што напишала на задната страна на едно до своите дела: „Сликите ми овозможуваат да посетам други места, надвор од ќелијата. Го сакам сликањето, затоа што е мирољубиво“.

Собин фрла светло и на друга страна на уметничкиот процес во затворот - им помага на луѓето да стекнат поголемо самопочитување.

XS
SM
MD
LG