Линкови за пристапност

Божиќна порака од Папата Францис


Поглаварот на Римокатоличката црква повика на помирување меѓу завојуваните заедници за време на мисата пред илјадници верници во Базиликата Свети Петар во Рим

Папата ја пренесе традиционалната порака „Урби ет Орби“ или „кон градот и светот“.

Неговата порака има поголемо глобално значење во годината што ја одбележа подемот на Исламската држава, бранот бегалци од Блискиот исток, секташките конфликти во Африка, терористичките напади во Западна Европа и САД.

Тој повика на повторно воспоставување на мирот во конфликти подрачја како Израел и палестинските територии, и побара луѓето да живеат во хармонија едни со други. Папата Францис рече дека ќе се моли ОН да успеат во запирање на конфликтот во Сирија. Ја повика меѓународната заедница да стави крај на злосторствата во Либија, Ирак, Јемен и суб-сахарска Африка.

Славењето на католичкиот Божиќ има особено силна религиозна нишка во градот Витлеем на Западниот брег, каде според библијата е роден Исус Христос.

XS
SM
MD
LG