Линкови за пристапност

Американски борбен авион се урна во станбен комплекс


Пилоти успеале да го напуштат авионот пред да се урне, завршиле во болница.

Американски борбен авион се урна во станбен комплекс во сојзуната држава Вирџинија. Засега нема податоци за загинати.

Си-Ен-Ен пренесува претставник на локалните власти дека двајцата пилоти успеале да го напуштат авионот пред да се урне и завршиле во болница со повреди што не се опасни по животот.

Во уривањето биле оштетени неколку објекти во кои се верува дека живеат постари лица.

Од местото на уривањето се издигаше чад, а за кусо време пристигнаа и екипи на брза помош.

Авионот од типот Ф/А-18 Хорнет бил од воздухопловната база во местото Вирџинија Бич.

Повеќе коментари

XS
SM
MD
LG