Линкови за пристапност

До Македонија и Грција е


Брифинг со Филип Гордон од Стејт департментот за американската политика кон Балканот.

Според државниот помошник-секретар за европски и евроазиски прашања, интеграцијата на сите балкански земји во ЕУ е приоритет за американската администрација, иако призна дека фокусот во надворешната политика е на ургентните глобални предизвици како Сирија, Авганистан, Грција.

САД продолжуваат да инвестираат во успешната приказна на Македонија, увери Филип Гордон на брифингот што се одржа во Атлантскиот совет, но додаде дека иако земјата има направено напредок во меѓуетничките односи, Вашингтон е загрижен за напнатоста меѓу етничките групи и за политичките поделби, како и извештаите за мешањето на власта во судскиот систем и медиумите.

НАТО е организација базирана на консензус, Македонија и Грција мора најпрвин да го разрешат билатералното несогласување, пред Алијансата да може да ја врачи поканата за членство која беше понудена на самитот во Букурешт

За прашањето за името, Гордон рече: „Ние јасно имаме кажано дека дека сме разочарани што пролетта НАТО не беше во можност `и даде покана на Македонија на самитот во Чикаго, како што се надевавме. Но, бидејќи НАТО е организација базирана на консензус, Македонија и Грција мора најпрвин да го разрешат билатералното несогласување, пред Алијансата да може да ја врачи поканата за членство која беше понудена на самитот во Букурешт“.

Тој го поддржа процесот под покривителство на ОН и рече дека Вашингтон ќе го прифати она решение за кое ќе се договорат Скопје и Атина.

Едвард Џозеф за Гласот на Америка

Едвард Џозеф за Гласот на Америка

Коментирајќи на иста тема, поранешниот претседател на Меѓународната кризна група за Македонија Едвард Џозеф, кој сега работи во Центарот за трансатлантски односи при Универзитетот Џонс Хопкинс, на маргините на друг настан неделава за Гласот на Америка изјави: „Многу луѓе се согласни дека за жал - а јас би рекол и нефер - земја како Македонија, која ги има исполнето сите критериуми за членство во НАТО, да мора уште да чека“.

Фактот дека Клинтон на неодамнешната балканска турнеја, не застана во Македонија не претставува проблем.

Не гледам драматични промени на политиката кон Македонија или другите земји

„Не гледам драматични промени на политиката кон Македонија или другите земји. Таа ги посети Сараево Белград, Приштина, затоа што за нив постои поголема загриженост. Можеби фактот дека не го посети Скопје може да се толкува и како позитивен сигнал за Македонија“, смета аналитичарот.

Според Џозеф, вториот мандат на претседателот Барак Обама ќе го одбележи континуитет на досегашната надворешна политика кон Балканот.
XS
SM
MD
LG