Линкови за пристапност

Се урна зграда во Филаделфија, загинаа шест лица


Четирикатницата се срушила врз соседна продавница.

Спасувачките екипи во Филаделфија, сојузната држава Пенсилванија, втор ден по ред трагаат по преживеани откако четирикатна зграда, која била во процес на рушење, се урнала врз соседниот објект, продавница на доброворната организација Салвејшн арми. Во уривањето загинале шест лица.

Доцна синоќа, спасувачите пронајдоа жива 61-годишна жена која минала преку 10 часа во уранитините. Со неа, бројот на преживеани изнесува најмалку 14.

Градските власти наведуваат дека немаат податоци за неправилности на срушената четирикатница, како и дека компанијата која го вршела уривањето имала уредна дозвола. Властите немаат точна информација колку луѓе биле во соседната продавница или на тротоарот во моментот на уривањето.
XS
SM
MD
LG