Линкови за пристапност

Дипломатски напори за палестинска државност


Дипломатски напори за палестинска државност

Дипломатски напори за палестинска државност

Повеќето се залагаат за идејата за обнова на израелско-палестинските разговори

Портпаролката на американскиот Стејт департмент Викторија Нуланд изјави дека Вашингтон не верува во креирање на палестинска држава преку ангажман во ОН.

Нуланд ова го изјави по шпекулациите дека Палестинците месецов ќе извршат притисок во ОН за признавање на државноста, било преку Советот за безбедност, било преку Генералното собрание.

„Ниту една од страните нема да дојде до резултатот што го бараме, а тоа е стабилна, безбедна држава што живее во мир. Тие тоа треба да го направат преку преговори. Тоа е најбрзиот и најдобриот начин за остварување на целта“, вели Нуланд.

За тој предлог да мине во Советот за безбедност, треба да се согласат сите пет постојани земји-членки. Портпаролката на Стејт департментот подвлече дека САД ќе стават вето на предлог за палестинска државност доколку дојде до гласање на тој форум.

ЕУ поддржува обнова на преговорите и како што велат претставници на Унијата, постигнување на праведна спогодба.

Генералниот секретар на Арапската лига пак Набил Елараби, истакна дека организацијата се залага сите земји да ја признаат Палестина.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун ја поддржува идејата за постоење на две држави. Предлогот за независна палестинска држава наспроти Израел веќе долго време е на маса, вели тој, повикувајќи ги обете страни да се вратат на преговарачката маса и да го реализираат предлогот.

Викторија Нуланд истакна дека американските дипломати веќе се во преговори со Израелците и Палестинците да се вратат на преговарачката маса пред почетокот на средбите на високо ниво во Генералното собрание, закажани за наредната недела.

XS
SM
MD
LG