Линкови за пристапност

Американски заложник во видео на Ал-Каида


Американецот апелира до претседателот на САД да ги исполни барањата на милитантната група.

Ал-Каида објави видео во кое американскиот заложник Ворен Ваинстаин, вели дека ќе биде убиен доколку претседателот Барак Обама не ги исполни барањата на милитантната група.

Според групите за мониторинг, медиумски огранок на Ал-Каида во неделата го објавил речиси три-минутниот видео материјал на џијадистички Интернет-форуми.

На снимката Ваинстаин воедно и` испраќа порака на неговата сопруга дека е во добра здравствена состојба.

Лидерот на Ал-Каида Ајман ал-Завихири во видео снимка објавена во декември, порача дека Ваинстаин нема да биде ослободен се` додека САД не ги прекинат воздушните напади врз муслимански земји. Тој побара и ослободување на затвореници на Ал-Киада и Талибан.

Седумдесетгодишниот Американец беше киднапиран од неговиот дом во Лахоре, Пакистан минатиот август од страна на осум вооружени лица . Ваинстаин бил директор на американската консултанска компанија Џеј И Остин Асосиеитс која отворила канцеларии во Пакистан.

XS
SM
MD
LG