Линкови за пристапност

По укинувањето на помошта, Пакистанците во посета на САД


По укинувањето на помошта, Пакистанците во посета на САД
По укинувањето на помошта, Пакистанците во посета на САД

Разузнавачки претставници на двете страни ќе се сретнат во Вашингтон во обид да се подобри соработката

Пакистански претставници велат дека првиот човек на Агенцијата за разузнавање денеска ќе се сретне со виши американски претставници, само неколку дена откако Белата куќа соопшти дека ќе ја прекине воената помош за Пакистан во висина од 800 милиони долари.

Портпаролот на пакистанската армија соопшти дека генералот Ахмад Шуја Паша за време на еднодневната посета на САД ќе разговара за разузнавачката координираност меѓу двете земји.

Односите САД – Пакистан се затегнаа од 2-ри мај, наваму, по американската акција на пакистанска територија во која беше убиен лидерот на Ал Каида, Осама бин Ладен.

Портпаролот на пакистанската одбрана генерал-мајорот Атар Абас, за Гласот на Америка изјави дека намалувањето на американската помош нема да им попречи на операциите против Ал Каида и милитантите на Талебан.

XS
SM
MD
LG