Линкови за пристапност

Нов напад со беспилотно летало во Пакистан


Нов напад со беспилотно летало во Пакистан

Нов напад со беспилотно летало во Пакистан

Четворица загинати во најнов напад со американско беспилотно летало – пракса што е од неодамна засилена

Во воздушен напад со американско беспилотно летало во племенскиот регион Северен Вазиристан во Пакистан загинале четворица осомничени милитанти, јавија пакистански официјални лица. Пакистан ги осудува ваквите напади како кршење на суверенитетот, но се верува дека тие се вршат со помош на пакистанското разузнавање.

Хронологија и факти за неодамнешните напади со беспилотни летала во Пакистан:

- 12-ти јануари, 2012 – Во напад со беспилотно летало во племенскиот регион во Северен Вазиристан, загинале четворица осомничени милитанти.

- 10-ти јануари, 2012 – Во напад со беспилотно летало во близина на градот Миран Шах, исто така во Северен Вазиристан, загинале четворица осомничени милитанти.

- 17-ти ноември, 2011 – Во напад со беспилотно летало во Северен Вазиристан, загинале осуммина осомничени милитанти.

- 16-ти ноември, 2011 – Во напад со беспилотно летало во Јужен Вазиристан, загинале 16 осомничени милитанти.

- 15-ти ноември, 2011 – Во напад со беспилотно летало во Миран Шах, загинаа седуммина осомничени милитанти.

XS
SM
MD
LG