Линкови за пристапност

„Американска измама“ и „Гравитација“ со по 10 номинации за наградите што ќе бидат доделени на 2-ри март во Холивуд.

„Американска измама“ и “Гравитација“ добија најмногу номинации на денешната церемонија во Холивуд, на која беа објавени кандидатите за Оскар - по 10. „12 години роб“, пак, ќе се натпреварува во 9 категории, „Небраска“ во шест, а „Клубот на купувачи Далас“ и „Капетанот Филипс“ во четири. „Американска измама“ е во изборот за најдобар филм и најдобра машка и женска улога.

Ова се номинациите во дел од категориите:

Најдобар филм:
„Американска измама“
„Капетанот Филипс“
„Клубот на Купувачи Далас“
„Гравитација“
„Таа“
„Небраска“
„Филомена“
“12 години роб“
“Волкот од Вол Стрит“

Најдобра главна машка улога:
Кристијан Бејл - „Американска измама“
Брус Дерн - „Небраска“
Леонардо ДиКаприо - „Волкот од Вол Стрит“
Чиветел Еџиофор - „12 години роб“
Метју Меконахеј - “Клубот на Купувачи Далас“

Најдобра главна женска улога:
Ејми Адамс - „Американска измама“
Кејт Бланшет - „Тажната Џесмин“
Сандра Булок - „Гравитација“
Џуди Денч - „Филомена“
Мерил Стрип „Август - општината Осиџ“
XS
SM
MD
LG