Линкови за пристапност

Локација, локација, локација – денеска значи нешто друго во САД


Локација, локација, локација – денеска значи нешто друго во САД

Локација, локација, локација – денеска значи нешто друго во САД

Само во Америка – какво значење има местоположбата?

За недвижнините постои добро познатото правило – Локација, локација, локација. Тоа значи дека местоположбата на одреден имот има огромно значење во одредувањето на неговата вредност.

Но во време на таканаречените „паметни телефони“ и други најнови технолошки направи, зборот „локација“ добива ново значење.

Во моментот кога сателитското глобално позиционирање, стана лесно на располагање на комјутерите и телефоните, продажбата на мапи и барања за дирекции значително опадна. Постојат луѓе кои речиси и не можат да излезат од дома без да ги проверат дирекциите до онаму каде што треба да стигнат.

Постојат апликации на телефони кои дури обезбедуваат информации во живо за метеж во сообраќајот, сообраќајни незгоди или работа на пат.

Нова студија на Истражувачкиот центар Пју покажува дека 28 отсто од возрасните секојдневно ги користат „услугите за локација“ на социјалните медиуми, а не само кога го планираат својот одмор, на пример.

Сопствениците на „паметните телефони“ ги користат направите и за брз пристап до информации релевантни на одредена локација, вели Кетрин Зикур, ко-авторка на студијата.

Тоа во превод значи дека многумина сопственици на овие телефони добиваат предлози за ресторани, музеи и театри, базирано на тоа каде се наоѓаат во моментот. Постојат и апликации што помагаат да се лоцираат пријателите, да се договорат за место на средба или ресторан.

Но испраќањето на сигнали за „престој“ во одредно место има многу импликации. Вашата локација лесно се открива. Можете лесно да се „претставите“ дека живеете некаде или имате канцеларија. Старото правило губи на значење.

XS
SM
MD
LG