Линкови за пристапност

Слим: Широкопојасниот Интернет е светска агенда за развој

  • Сашо Митаноски

Ќе помогне на идните бизниси - носители на светскиот економски развој, рече најбогатиот човек на светот во Охрид.

Промоцијата на широкопојасниот Интернет е базична инфраструктура за остварување на целите на Светската агенда за развој 2015-та година, истакна мексиканскиот бизнисмен Карлос Слим пред учесниците на состанокот на Комисијата за широкопојасен Интернет и дигитален развој, што денеска се одржа во Охрид.

„Промовирањето на широкопојасниот Интернет како светска агенда ќе им помогне на малите и средните претпријатија да отворат нови работни места, да ги прошират своите производни активности и услуги, да донесат нови иновации, и, конечно, да ја постават основата за идните бизниси кои ќе бидат носители на светскиот економски развој“, рече Слим.

Најбогатиот човек на планетата, според годишната листа на списанието Форбс, во Охрид ги истакна појдовните заложби утврдени од Комисијата уште на нејзиното формирање, за промоција на широкопојасниот Интернет.

Македонскиот премиер Никола Груески кажа дека информатичките и комуникационите технологии се основата на модерниот развој, дека ги скратуваат трошоците во средства и време и овозможуваат градење на свет полн со потенцијал и креација. Важни се за демократијата, слободата и бизнисот, заклучи Груевски.

„Развојот на информатичките и комуникациските технологии во Република Македонија се наоѓа многу висико на листата на приоритети на оваа Влада. Усвоивме стратегија за следната генерација на широкопојасен Интернет, со што ја промовираме Македонија како Зелено општество базирано на знаења“ изјави Груески на отворањрто на состанокот.

Груески кажа и дека Македонија од 2006-та до денес постигнала голем напредок во користењето на широкопојасниот Интернет - до крајот на 2001 година 46,35% од домаќинствата користеле фиксен широкопојасен Интернет.

XS
SM
MD
LG