Линкови за пристапност

Мнозинство го поддржува Обама за беспилотните напади, повлекувањето на силите...


Мнозинство го поддржува Обама за беспилотните напади, повлекувањето на силите...
Мнозинство го поддржува Обама за беспилотните напади, повлекувањето на силите...

...според анкетата на АБЦ и Вашингтон пост.

Хронологија и факти за неодамнешните напади со беспилотни летала во Пакистан:

  • 12-ти јануари, 2012 – Во напад со беспилотно летало во племенскиот регион во Северен Вазиристан, загинале четворица осомничени милитанти.

  • 10-ти јануари, 2012 – Во напад со беспилотно летало во близина на градот Миран Шах, исто така во Северен Вазиристан, загинале четворица осомничени милитанти.

  • 17-ти ноември, 2011 – Во напад со беспилотно летало во Северен Вазиристан, загинале осуммина осомничени милитанти.

  • 16-ти ноември, 2011 – Во напад со беспилотно летало во Јужен Вазиристан, загинале 16 осомничени милитанти.

  • 15-ти ноември, 2011 – Во напад со беспилотно летало во Миран Шах, загинаа седуммина осомничени милитанти.

Ново истражување покажува дека претседателот Барак Обама има голема поддршка од Американците за нападите со беспилотни летала против лица осомничени за тероризам, како и за планираното повлекување на силите од Авганистан.

Според синоќа објавеното истражување на вестите на ТВ-мрежата АБЦ и весникот Вашингтон пост, 83% ја оправдуваат употребата на беспилотни летала. Двајца на секои тројца испитаници ги поддржуваат таквите напади конкретно против Американци осомничени за тероризам кои се наоѓаат во други земји, што, потенцијално, е чувствително правно прашање.

70% ја оправдуваат одлуката на Обама и натаму да го држи отворен центарот за притвореници Гвантанамо на Куба. Во 2009-та, Обама потпиша указ за привремен прекин на воените судења во центарот и вети дека ќе го затвори. Но, Сенатот ги блокираше средствата за префрлање на притворениците. Американски владини лица оттогаш наведуваат дека има мали шанси за затворање на Гвантамо, со оглед на големото противење во Конгресот.

78% од испитаниците се за планот на Обама за повлекување на силите од Авганистан. Меѓу демократите, процентот е 93, кај републиакнците 64.

Во анкетата спреведена порано месецов учествувале 1.000 испитаници, а маргината на грешка е +/-4%.

XS
SM
MD
LG