Линкови за пристапност

Претседателот на турнеја за промоција на новиот економски план


Претседателот на турнеја за промоција на новиот економски план
Претседателот на турнеја за промоција на новиот економски план

Американскиот претседател е на тридневна турнеја низ пет сојузни држави во кампања за реизбор на функцијата.

Американскиот претседател Барак Обама замина во посета на неколку сојузни држави промовирајќи го економскиот план што го претстави за време на Годишното обраќање до нацијата.

Обама во среда замина за Ајова каде зборуваше за обнова на американската економија базирана на производство и алтернативна енергија. Тој сепак подвлече дека економските промени започнуваат со реформирање на даночните одредби.

Американскиот лидер повторно повика остро поделениот Конгрес да ја усвои мерката за даночни скратувања без драма и без одложувања. Обама повика на поголеми даночни обврски за најбогатите жители во земјата.

Претседалот е на тридневна турнеја низ пет сојузни држави со цел образложување на новата економска стратегија и продолжува на кампањата за реизбор на функцијата. По Ајова, следни на агендата се Аризона, Колорадо, Невада и Мичиген.

XS
SM
MD
LG